Европски лидер во издавање CoC документи
EuroCoC е една од најголемите европски компании специјализирани за издавање на оригинални Certificates of Conformity. Основана во 2008 година, оваа компанија работи во соработка со производителите на автомобили и издава официјални CoC документи кои се признаени во сите земји на Европската Унија.
Ексклузивна соработка меѓу РГВ и EuroCoC
Благодарение на воспоставената ексклузивна соработка меѓу РГВ и EuroCoC, македонските граѓани конечно можат да добијат оригинални CoC сертификати по значително пониски цени и со пократок рок на изработка.
Ова партнерство овозможува директен пристап до документите што инаку би се набавувале преку странски посредници, што значи помалку трошоци, поедноставен процес и домашна поддршка на македонски јазик.
Со оваа соработка, РГВ станува единствен официјален партнер на EuroCoC во Македонија, што му овозможува на секој клиент сигурност дека документот што го добива е оригинален и валиден низ цела Европска Унија.
Придобивки од добивање CoC сертификат преку РГВ
Со нарачка преку РГВ, клиентите добиваат повеќе од само документ. Тие добиваат целосна поддршка низ целиот процес на увоз и регистрација, вклучувајќи:
- Официјални и проверени CoC документи – признати низ цела ЕУ.
- Најповолни цени во Македонија, со заштеда и до 60%.
- Брза испорака – за некои марки документот пристигнува за само неколку дена.
- Поддршка и консултација од искусниот тим на РГВ.
- Сигурност и транспарентност – без дополнителни или скриени трошоци.
Со тоа, РГВ станува најсигурниот избор за сите кои увезуваат возила од странство и сакаат да ги завршат сите потребни процедури без компликации.
Адреса:
1000 Скопоје


